Жена првпат стана амбасадор на Иран во странска земја

Од:

Жена првпат стана амбасадор на Иран во странска земја. Претседателот Хасан Рохани ја назначи денеска Марзие Афхам за амбасадор на Исламската република во Малезија
Говорејќи пред новоназначените амбасадори на Иран во повеќе земји, Рохани, кој според Уставот ја предводи извршната власт, нагласи дека назначувањето на Афхам треба да се гледа како „демонстрирање на можностите, кои се отвараат за иранските жени во државата“.
Во меѓувреме влијателен ирански ајатолах упати остра критика до жените, кои се вработени, обвинувајќи го претседателот Рохани за зголемување на нивниот број. 

– Зошто толку многу се инсистира жените да работат, кога толку многу мажи се невработени, изјави ајатолахот Сејед Јусеф Табатабај Неџад, познат проповедник во градот Исфахан.
Тој нагласи дека во една исламска држава мажите треба да ги издржуваат жените, а не обратно. 

Ајатолахот го обвини Рохани за зголемување на бројот на вработените жени поради неговата политика и неговата желба жените да бидат дури и во политиката. 

Тој изрази жалење поради тоа што Рохани сака жените да станат дури и гувернери, „и покрај фактот дека мажите се посоодветни за таа работа“. 

– Вработените жени добија независност и тоа доведе до зголемување на бројот на разводите, посочи ајатолахот. 

Тој предложи на жените да им се забрани да работат во министерствата, во компаниите или како продавачки.

Би можело да ве интересира

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Загина иранскиот претседател, нема преживени во хеликоптерот на Раиси

Катерина Ѓуровски