Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот дел на Турција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 16:15 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од два километри во близина на градот Адијаман. Нема информации за нови жртви и не се знае дали овој земјотрес предизвикал штети.
На 6 февруари два разорни земјотреси погодија делови од Турција и Сирија. Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а досега загинале повеќе од 46.000 луѓе.