Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала беше регистриран денеска во западниот, индонезиски дел на островот Нова Гвинеја, информира геофизичкиот институт на САД.
Епицентарот на потресот бил на 75 километри северно од градот Џајапура, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за повредени или причинета материјална штета.