Земјотрес го погоди островот Суматра

Од:

Земјотрес со јачина 6.3 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Суматра. За сега нема извештај за повредени, ниту за евентуална материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами, пренесува AFP.

Епицентарот на земјотресот бил на 190 километри северозападно од градот Бенгкулу, на длабочина од 25 километри, соопшти Американскиот завод за геологија.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико