Земјоделците втор ден ги блокираат автопатите околу Париз

Од:

Француските земјоделци веќе втор ден ги блокираат стратешките патишта околу Париз, а членовите на Конфедерацијата на селаните ги блокираат и влезовите во дистрибутивните центри во Кавајон во департманот Воклуз, на југот на Франција, пренесува BFM TV.

„Сакаме да ги блокираме логистичките центри затоа што бараме подобра распределба на додадената вредност. Масовната дистрибуција направи многу профит во последниот квартал и никогаш ништо од тоа не гледаме. Бараме да ги зголемат нашите набавни цени без зголемување на цените за крајните потрошувачи. Бараме, всушност, да им се намалат маржите. Ќе останеме онолку колку што е потребно“, рече претставникот на фармерите.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск