Земјите-членки на ЕУ ги усвојуваат новите санкции кон Русија, утре ќе се знаат имињата

Од:

Земјите-членки на Европската унија, денеска, преку писмена процедура ги усвојуваат санкциите што Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги предложија во петокот по предлог на Европскиот совет од последниот вонреден Самит на 20-ти август.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, официјалното стпаување на сила на новите рестриктивни мерки од вториот пакет на санкции на ЕУ кон Русија, се оекува официјално да стапи на сила во текот на утрешниот ден, кога по усвојувањето од сите 28 ЕУ-земји, потоа треба да бидат објавени во Службениот весник на Унијата.

– Во петокот, претседателот на Еврокомисиајта, Жозе Мануел Барозо и првиот човек на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, испратија писмо до Советот за превземените чекори за имплементирање на зкалучоците од специјалниот состанок на Европскиот совет на 30-ти август. Сега, пакетот е согласен на ниво на КОРЕПЕР-група (амбасадоти на змејите-членки на ЕУ во Брисел) и истиот треба формално да се усвои од земјите-членки преку писмена процедура денеска која е во тек. Деталите од мерките ќе бидат достапни кога ќе се објаватг во Службен весник на ЕУ, најдоцна до утре, како што се планира – ќе рече портпаролката на неформалната Влада на ЕУ, Пиа Аренкилде-Хансен.

Според најавите, руски политичари, олигарси, но и членови на Владите на Крим и источно-украинскиот регион Донбас, се очекува да се најдат на листата на санкции за забрана за патување во Унијата и замрзнување на нивните сметки на европскиот континент.

Сепак, доколку и денеска се почитува прекинот на огнот во Украина, а се испрати гаранција дека Русија ги повлекла воените сили од украинските граници и пристапува кон целосно мировно решение за кризата во поранешната советска република, тогаш се најавува дека ЕУ воопшто и не би ги вовела најновите санкции кон Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски