Земјата се затресе во централна Англија, стотици луѓе во паника: Што точно се случи?

Од:

Стотици луѓе во централна Англија тврдат дека слушнале силен тресок што ја тресе земјата и ги нишалo куќите. Немилиот настан се случил веднаш по пладне по локално време.

Експлозијата се слушнала околу 12:15 часот по локално време.

Поединци на социјалните мрежи тврдат дека звучна бариера е пробиена.

Според корисниците на социјалните мрежи, постои можност да се работи за борбени авиони РАФ Тајфун кои се движеле да му помогнат на авионот Деш 8 на кој му откажало радио и се упатил кон Лондон.

Исто така, на мрежите можете да прочитате дека луѓето се вознемирени.

Противпожарната служба на Лестер потврди дека слушнале тресок, но дека немало повик.

Полицијата соопшти дека добила повеќе повици од граѓани од различни делови на градот, но и земјата за страшна експлозија.

„Ги уверуваме луѓето дека нема причина за паника“, објавија набрзо од полицијата без да ја прецизираат причината за силната експлозија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв