Земан: Западот мора цврсто да одговори доколку Путин употреби нуклеарно оружје

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека постои „сериозен ризик“ од нуклеарен конфликт поради војната во Украина, јави ДПА.

Според неговото мислење, Западот треба да го предупреди Кремљ дека доколку таму се употреби нуклеарно оружје, ќе има „енергичен воен одговор“. – Со сите последици што ова може да ги има, додаде 78-годишниот политичар денеска во Прага на маргините на средбата со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.

Двајцата склучија договор за продлабочување на економската соработка. Чешката Република се надева, преку можни испораки на течен природен гас (LNG) од Емиратот, да стане понезависна од руските енергетски превозници. Катар е најголемиот извозник на ЛНГ во светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков