Земан повика на меѓународна акција против терористите под раководство на ОН

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан повика на обединета вооружена акција против терористите, која на меѓународно ниво би ја водел Советот за безбедност на ОН, јави дописникот на МИА од Прага.

Додавајќи дека фокусот на акцијата во која би учествувале воени сили на сите постојани членки на Советот, би требало да бидат терористичките кампови за обука при што би се користела современа технологија, Земан оцени дека Исламската држава (ИД) е смртен непријател на денешницата.

Земан, во својот говор во чешкиот главен град, на Коференцијата по повод 70-годишнината од победата над фашизмот и ослободувањето од логорите на смртта во Европа, рече дека според него ИД има иста природа како нацистичка Германија од почетокот на 30-те години на минатиот век и дека се заканува ,,Суперхолокауст” со стотици милиони мртви.

Земан предупреди на неуспех на елитите и слична опасност како кога европските земји се однесуваа кон Германија пред Втората светска војна.

Според него, потребни се уште серија терористички напади за да може јавноста да сфати дека со терористи не се преговара.

– Со терористите се војува, со терористите не можеме да се бориме само со површни промени во законодавството, туку со вооружени сили, така како како можеше да биде во Рајнската област во 1936 година, рече Земан.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година