Зеленски жесток кон НАТО: Дадовте зелено светло за продолжување на бомбардирањето на украинските градови

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење поради „намерната“ одлука на НАТО да не воведе зона на забранети летови над Украина во екот на руската инвазија.

– Управата на Алијансата денеска даде зелено светло за продолжување со бомбардирањето на украинските градови и села со тоа што одби да воведе зона на забранети летови, изјави Зеленски во видеото објавено вечерва на неговиот профил на Фејсбук.

По вчерашниот напад на нуклеарната централа Запорожје, Зеленски повторно апелираше до Западот да воведе зона на забранети летови над Украина.

Меѓутоа, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја отфрли таа можност, укажувајќи на ризикот од значително ширење на војната во Европа.

Столтенберг истакна дека авионите на НАТО ќе мора да соборат руски авиони за да се воспостави зона на забранети летови над Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород