Зеленски: Во војната загинаа 184 украински спортисти

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека 184 украински спортисти се убиени во војната против руските окупатори од февруари. Зеленски ова го изјави на денешниот разговор со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.

Зеленски се обиде да му објасни на Бах зошто Киев се противи на учество на руски спортисти на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател. Самиот Бах, да потсетиме, рече дека учеството на руските и белоруските спортисти на Олимписките игри во 2024 година „се уште е под знак прашалник“.

Украина е разочарана од, како што рече, „намерата на ИОК да им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме“, рече Зеленски.

„Не можете да бидете неутрални кога се уништени самите основи на мирниот живот, а се игнорираат универзалните човечки вредности. Праведен одговор на таквите дејствија може да биде само целосна меѓународна изолација на терористичка држава. Особено, ова се однесува и на меѓународни спортски натпревари“, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он