Зеленски тврди: Путин ги отфрла сите обиди за преговори

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ги поддржува сите предлози на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна, но дека, како што изјави, рускиот лидер Владимир Путин ги отфрла сите обиди за преговори.

– Не сакам да му дадам на Путин ниту еден процент можност да каже дека мирот не може да се постигне поради Украина, рече Зеленски во интервју за американскиот канал TBN.

Тој потсети дека ги поддржува сите идеи на Трамп – разговори во Истанбул, барање за итно прекин на огнот, склучување мировен договор и одржување трилатерални или билатерални преговори – но, како што изјави, рускиот претседател отсекогаш ги отфрнувал сите овие чекори.

„Уште еднаш повторувам дека Путин се обидува да отфрли какви било преговори. Путин се обидува да „купи“ прекин во политиката на санкции…Тој се обидува да манипулира, да купи време, користејќи разни причини зошто САД треба да почекаат малку, да не вршат таков притисок“, објасни Зеленски.

Би можело да ве интересира

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Калас: Без притисок, Русија нема да преговара за мир

Лавров: Трамп не можеше да поверува што слушна од својот руски колега за време на разговорот во Алјаска

Шмихал: Нема струја за стотици илјади граѓани во Киев

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина