Зеленски: Следната година Евровизија ќе биде во Украина

Од:

Украина победи на синоќешниот избор за песна на Евровизија, а украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека ќе даде се од себе неговата земја да биде домаќин на настанот следната година.

Победникот на натпреварот традиционално е домаќин на финалето следната година, но со жестоките борби кои се уште траат во Украина, не е јасно каде би се одржала маифестацијата во 2023 година.

„Нашата храброст го воодушеви светот, а нашата музика ја освои Европа. Следната година Евровизија ќе биде во Украина, по трет пат во историјата. Еден ден настанот ќе се одржи и во Мариупол, ослободен, мирен и обновен напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук по победата на украинските претставници во Торино.

Зеленски им се заблагодари на Калуш Оркестар за победата и на сите што гласаа за Украина.

„Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во борбата против непријателот не е далеку“, додаде тој.

Оркестарот Калуш победи на Евровизија со песната „Стефанија“ на бран масовна јавна поддршка. Песната на украински јазик е спој на рап и традиционален фолк и е посветена на мајката на пејачот.

Украина беше само четврта по гласањето на жирито, но освои убедливо најмногу гласови од публиката, што на крајот и донесе победа со вкупно 631 поен.

„Помогнете им на Украина и Мариупол! Помогнете му на Азовстал“, извика пејачот на бендот Олех Псиук по настапот.

Политички пораки на Евровизија не се дозволени, но организаторите најавија дека ги разбираат длабоките чувства за Украина и дека сите изрази на поддршка за таа земја ги сметаат за повеќе хуманитарни отколку политички.

Би можело да ве интересира

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

САД: Можеби нема смисла Зеленски да дојде доколку нема конечна верзија на договорот

ВИДЕО: Детали од клучниот договор меѓу Украина и САД

Катерина Ѓуровски

Пратениците одлучија: Зеленски е легитимен претседател

Зеленски: Се надевам дека војната ќе заврши оваа година

Зеленски објави услов за преговори со Путин: „Ова може да биде почеток на крајот на војната“