Зеленски: Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека „постојан приоритет“ е заштита на државната граница и оти Киев е подготвен за сите можни сценарија со Русија и нејзината сојузничка Белорусија.

– Заштитата на нашата граница и со Русија и со Белорусија е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија, наведе Зеленски.

Тој упати нов апел до западните земји да и обезбедат на Украина ефикасна воздушна одбрана.

Киев во текот на ноќта беше цел на напади со беспилотни летала, при што повредени се најмалку две лица, а оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови. Според локалните власти, украинската противвоздушна одбрана соборила околу 15 дронови.

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он