Зеленски: САД ќе работат на обезбедување воздушна одбрана на Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека за време на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, американскиот шеф на државата рекол дека САД ќе работат на обезбедување на Украина со системи за воздушна одбрана.

Според Зеленски, за време на состанокот биле разгледани договорите за ретки минерали, продажба на системи за воздушна одбрана на Украина, како и прекин на огнот, пренесува Укринформ.

„Верувам дека фондот (Инвестициски фонд за реконструкција) и самиот договор за минерални ресурси ни овозможуваат да ги заштитиме идните американски инвестиции. Верувам дека ќе изградиме вистински економски инвестиции. Да ја заштитиме, меѓу другото, нашата земја, нашиот народ со воздушна одбрана. И затоа сме подготвени системите за воздушна одбрана да учествуваат во ова. Му кажав на Трамп колкава количина ѝ е потребна на Украина. Тој одговори дека ќе работи на тоа. Ова не се бесплатни работи. И би сакал да имаме пристап до купување американско оружје“, им рече Зеленски на новинарите.

Би можело да ве интересира

Трамп верува дека во Иран се случила промена на режимот

Трамп: Иран ќе биде целосно уништен ако не попушти, НАТО не прави ништо

Иран: Трамп се обидува да купи време

Иранската револуционерна гарда се заканува со одмазднички напади доколку е погоден енергетскиот сектор на Иран

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон