Зеленски: Русите уништија стотици болници, нема лекови за болните од карционом, нема инсулин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во руските напади врз Украина биле уништени стотици болници и други институции, а лекарите останале без лекови за лекување на рак и дека не можат да вршат операции.

Зеленски во видео порака до хуманитарна медицинска организација рече дека на многу места на истокот и југот на Украина, каде што се водат главните битки, недостасуваат дури и основни антибиотици.

– Ако ја погледнеме само медицинската инфраструктура, до денеска, руските сили уништија или оштетија речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“, рече тој во видео обраќањето до присутните на настанот, додавајќи дека ситуацијата во областите под руска окупација е катастрофална.

– Воопшто нема лекови за третман на болните од рак. Речиси и да нема инсулин за дијабетичари. Невозможно е да се извршат операции. Нема ниту антибиотици, изјави украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков