Зеленски: Русија прави се за да го уништи животот во Донбас

Од:

Русија прави се што може за да го уништи животот во регионот на Донбас во источна Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој ја обвини Русија за постојани гранатирања врз инфраструктурата и станбените населби, кои покажуваат дека Русија сака да ја направи оваа област ненаселена. Тој, исто така, зборуваше за ракетните напади врз Киев за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш оваа недела.

„За жал, бруталното понижување на Обединетите нации од страна на Русија остана без силен одговор“, рече Зеленски. Сепак, тој рече дека и покрај се е подготвен да разговара со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи во Русија се одлучува еден човек.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп не го покрена прашањето за окупираниот Крим и неговото признавање

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Зеленски: Планирам денеска да разговарам со Трамп

А1он

Зеленски: Путин сака да ја ослабне Украина

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска