Зеленски: Падот на Бахмут ќе значи отворен пат Русија да зазема други градови

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека падот на Бахмут ќе значи „отворен пат за Русија да заземе други градови“. Тој повтори дека украинските одбранбени сили во тој град „мора да останат силни“.

Во интервју за Си-Ен-Ен, украинскиот претседател рече дека одлуката да се брани градот толку жестоко е тактичка, предупредувајќи дека трупите на Владимир Путин би можеле да преминат во други градови во источниот украински регион Доњецк.

Зеленски рече дека разбира што сака да постигне Москва со жестоки борби во опколениот град.

„Тие мора да го стават своето мало знаме на врвот (на Бахмут)“, рече тој.

„Тоа не е победа за нив, тоа е повеќе за мобилизирање на нивното општество, за да се создаде идеја дека тие се многу моќна армија“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски