Зеленски: Од почетокот на војната загинаа најмалку 500 деца

Од:

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека најмалку 500 украински деца загинале во земјата од почетокот на руската инвазија.

Тој изјави дека руското оружје и омразата продолжуваат да ги одземаат и уништуваат животите на украинските деца секој ден, пренесува Асошиејтед прес.

„Многу од нив би можеле да станат познати научници, уметници, спортски шампиони, придонесувајќи за историјата на Украина“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека е невозможно да се утврди точниот број на деца кои загинале поради тековните борби, како и поради фактот што некои области се под руска окупација.

„Мораме да издржиме и да победиме во оваа војна. Цела Украина, целиот наш народ, сите наши деца мора да бидат ослободени од рускиот терор“, рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Блумберг: Трамп го услови Зеленски со брз прекин на огнот за договорот за минерални суровини

Горан Наумовски

Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци