Зеленски објави услов за преговори со Путин: „Ова може да биде почеток на крајот на војната“

Од:

Денес се навршуваат точно три години откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина.

Бројни министри и претставници на ЕУ се во Киев на самит со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претседателот Зеленски на самитот изјави дека целосната размена на воени заробеници со Русија би можела да претставува „почеток“ на завршување на војната.

Имаше 60 размена на затвореници меѓу Украина и Русија од почетокот на војната, вклучително и една во декември кога беа разменети стотици затвореници.

„Тоа е фер и праведна опција“, рече Зеленски, истакнувајќи дека илјадници Украинци сè уште се во руски затвори – некои од нив од руската анексија на Крим во 2014 година.

„Илјадници луѓе се затворени во Русија“, нагласи тој и додаде:

– Русија мора да ги ослободи Украинците. Украина е подготвена да размени секого за секого и тоа е фер договор. Иако Украина не објавува официјални податоци за своите воени заробеници во Русија, се проценува дека ги има повеќе од 8.000. Мирот не може едноставно да се прогласи преку ноќ. Путин нема да ни даде мир или да ни го понуди во замена за нешто. Мора да извојуваме мир со сила, мудрост и единство, преку соработка со вас лидерите на самитот, рече Зеленски.

Зеленски заклучи дека траен мир може да се постигне само ако Украина добие солидни „безбедносни гаранции“. Минатата недела Русија рече дека нема да прифати присуство на војници на НАТО во Украина како дел од каков било мировен договор.

Би можело да ве интересира

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски