Зеленски: Не ја исклучуваме можноста за повлекување од Бахмут

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.

„За мене најважно е да не ја загубиме војската. И секако, доколку дојде до момент на уште поинтензивни настани и постои опасност да изгубиме персонал, ќе има соодветни генерали кои ќе направат правилни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа“, изјави Зеленски за време на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Но, колку попогодна муниција стигне до Украина, толку побрзо ќе се соочиме со ситуацијата не само во Бахмут, туку и на целата територија на нашата земја“, додаде тој.

Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут е „најтешка“ во целата земја.

Тој град со месеци е под напад на руските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија