Зеленски: Нашата делегација има јасна цел, да обезбеди средба со Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на синоќешното обраќање до нацијата истакна дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели.

– Тие мора да сфатат дека ова е комплицирана приказна, како и тежок, но исклучително неопходен пат, изјави Зеленски.

– Четвртата рунда преговори меѓу Украина и Русија, која се одржува денеска, ќе се фокусира на постигнување договор за прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни гаранции за Украина, истакна советниокот на Зеленски Михаил Подољак.

Тој напиша на социјалните мрежи дека „позицијата на Украина останува непроменета во инсистирањето за прекин на огнот пред да се одржат евентуални разговори за натамошните односи“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков