Украинскиот претседател Володимир Зеленски се појави во видео порака за време на телевизиската емисија на Златните глобуси за да им се заблагодари на своите сојузници во „слободниот свет“. Американскиот актер Шон Пен го претстави украинскиот комичар кој стана политичар. Оскаровецот претходно се сретна со Зеленски во Киев и му ја подари својата статуетка Оскар, барајќи од претседателот да му ја врати кога ќе заврши војната.
Зеленски и порача на холивудската публика дека „војната во Украина сè уште не е завршена, но плимата се врти и веќе е јасно кој ќе победи“, што предизвика аплауз од толпата. „Сè уште има битки и солзи пред нас. Но, сега можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година – вие во слободниот свет, кој се обедини околу поддршката на слободниот украински народ“, рече Зеленски.
“There will be no Third World War. It’s not a trilogy. Ukraine will stop Russian aggression on our land” – @ZelenskyyUa speaking at the @goldenglobes pic.twitter.com/PVJjaACt4H
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 11, 2023
Зеленски потоа потсети на доделувањето на Златните глобуси во раните 1940-ти, пред крајот на Втората светска војна. „Нема да има трета светска војна. Тоа не е трилогија“, рече Зеленски, според Си-Ен-Ен.
Зеленски веќе имаше виртуелно појавување на Канскиот филмски фестивал и Греми наградите за да разговара за конфликтот и да им се заблагодари на сите оние во забавната индустрија кои ја подигнаа свеста за конфликтот што се случува на украинска територија.