Зеленски: На Украина и треба повеќе оружје

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Соединетите Американски Држави ја зголемуваат испораката на оружје за Киев.

„Многу е важно САД да ја зголемат понудата сега. Ова е неопходно за да се изедначи ситуацијата. Благодарен сум на нашите партнери, а темпото на снабдување треба да биде такво што ќе го забави темпото на руските напади“, рече Зеленски во редовно обраќање, објави Униан.

Зеленски посочи дека на Украина и треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден претходно изјави дека му наложил на Пентагон да продолжи да ја зголемува испораката на оружје за Украина.

Тој додаде дека во последните месеци Вашингтон префрлил стотици ракети за противвоздушна одбрана во Украина и дека уште повеќе се на пат за испорака.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Сакаме Трамп да види дека сакаме да ставиме крај на војната

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети