Зеленски: На Украина и се потребни најмалку 800 милиони евра за потребите на населението во текот на зимата

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Украина, чија енергетска инфраструктура е уништена од руските напади, има потреба од „најмалку 800 милиони евра“ итна помош за да ги задоволи потребите на населението во текот на зимата.

Зеленски преку видео врска зборуваше на отворањето на меѓународната конференција за солидарност со Украина, организирана во Париз.

„Потребни ни се неколку категории опрема, трансформатори, опрема за реставрација на високонапонски мрежи, гасни турбини… на нашиот енергетски систем му треба, барем до крајот на грејната сезона, итна помош од европскиот енергетски систем, т.е. струја од земјите на Европската унија во Украина“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека оваа помош „ќе чини околу 800 милиони евра“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците

Украина прифати 30 дневен прекин на огнот

Што сака Украина да постигне со мировните преговори во Саудиска Арабија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголем украински напад со дронови, таргетирана и Москва

Клучен состанок САД-Украина во Саудиска Арабија

Зеленски испрати писмо до Трамп и се извини за конфликтот во Белата куќа

А1он