Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни гаранции

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава потпишаа билатерален договор за безбедносни гаранции. Како што јави Интерфакс-Украина, потпишаниот договор стана 21-виот документ склучен во областа на безбедноста меѓу Украина и нејзините партнери.

Претходно, Украина веќе имаше потпишано слични договори со САД, Франција, Германија, Канада, Јапонија, Европската Унија како институција и други земји. Кабинетот на претседателот Зеленски претходно го информираше Интерфакс-Украина за подготовките за потпишување договори со Ирска, Словенија, Луксембург и Чешка.

Беше забележано и дека канцеларијата не исклучува брзо пристапување кон Вилнус декларацијата на „големите седум“ за безбедносни гаранции.

Би можело да ве интересира

Зеленски по најавата за примирје: Путин манипулира со животите на луѓето

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Зеленски: Украина и САД денеска може да потпишат Меморандум за договор за минерали

А1он

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

(ВИДЕО) Зеленски го покани Трамп во Украина: „Дојдете да ги видите мртвите деца“