Зеленски го разреши министерот за одбрана, Резников

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши Алексеј Резников од функцијата министер за одбрана на земјата.

На негово место го предложи Рустем Умеров.

„Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други форми на интеракција со армијата и општеството во целина“, рече Зеленски. Смената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, а се очекува мнозинството претставници на Врховната Рада да ја поддржат оваа промена.

Да потсетиме, според истрагата на весникот Ѓеркало Тижнија објавена во август, Министерството за одбрана во септември 2022 година склучило договор со турска компанија за набавка на зимска облека за армијата во вредност од 33 милиони долари, што подоцна се покажало дека е летна облека. Истрагата пронашла докази за неовластено менување на цената, при што некои јакни вредни околу 29 долари се наведени во некои документи и по цена од 86 долари.

Би можело да ве интересира

Москва ја предупреди Европа: Испаќањето војска во Украина ќе значи дека НАТО е во војната

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

„Нема да има наметнат мир за Украина“, вели Шолц

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Европскиот план за заштита на Украина „Sky Shield“ повторно е во игра

Катерина Ѓуровски