„Зеленски е духовит и згоден“ – руска пензинерка осудена затоа што го пофалила украинскиот претседател

Од:

Повозрасна жена е осудена за „дискредитација на руските вооружени сили“ затоа што во приватен разговор го опишала Володимир Зеленски како „згоден и смешен“.

Судот во предградието на Москва ја казни Олга Слегина со 40.000 рубли (390 фунти) во вторникот на сослушувањето кое траеше околу пет минути, соопшти руската група за човекови права Меморијал.

Седумдесетгодишната жена минатиот Божиќ престојувала во одморалиште во рускиот Северен Кавказ кога седнала на заедничка маса и зборувала за Украина.

Слегина наводно се расправала со проруска жена од Одеса и го пофалила украинскиот претседател како „згоден млад човек со добра смисла за хумор“.

Полицијата ја привела пензионерката на распит откако три лица се пожалиле на неа во полиција.

Еден од полицајците наводно ѝ рекол на жената: „Немате право да го фалите бидејќи тој е наш непријател“, објави Меморијал.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Блумберг: Трамп го услови Зеленски со брз прекин на огнот за договорот за минерални суровини

Горан Наумовски

Зеленски ја истакна својата визија за прекин на огнот