Здравствените работници протестираа низ Франција

Од:

Здравствените работници во Франција денеска протестираа со барање за повеќе работни места и подобри плати во државните болници, по неколкугодишното намалување на трошоците.

Девет синдикати и колективи организираа протестни активности, вклучително и демонстрации пред Министерството за здравство во Париз и десетици други градови, за да го привлечат вниманието на владата на зголемената загриженост за недостигот на персонал.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вети дека ќе го разгледа системот на јавните болници и нареди итна ревизија до 1 јули.

Демонстрантите се надеваат дека ќе извршат притисок врз владата во време кога Франција влегува во два круга од парламентарните избори кои започнуваат в недела.

Демонстрации се одржаа пред Министерството за здравство и на други места во Франција, вклучително и Шербур, каде што Макрон ја посети болницата минатата недела и најави засилување на службите за итна медицинска помош.

Едно од барањата е повторно вработување на околу 15.000 здравствени работници кои останале без работа бидејќи одбиле да се вакцинираат против коронавирусот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар