Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

Од:

Протестен марш, насловен „Стоп за сообраќајното насилство“, закажан е за во сабота во Неготино, информираа вечерва организаторите на настанот, на Фејсбук група посветена на овој град. Протестот ќе се одржи во 14 часот, на улица „Маршал Тито“, кај семафорите.

– Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици. Маршираме за да испратиме силна порака, доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради немарни возачи и неефикасни институции. Секој од нас е изложен на опасности во сообраќајот. Никој не е заштитен од трагедија. Не смееме да дозволиме оваа серија загуби да продолжи, пишува во повикот за учество во протестот.

Притоа се наведуваат и барањата на протестниот марш – безбедни улици за сите, почитување на пешачките премини, ограничувањата на брзината и правата на сите учесници во сообраќајот. Поголема свест за опасностите, строга контрола за возење под дејство на алкохол и наркотични супстанци. Најстроги казни за сообраќајните насилници, без толеранција за оние што возат без дозвола, без соодветна обука или намерно ги загрозуваат животите на другите. Одговорност од институциите, крај на заташкувањето на сообраќајните злосторства и правна правда за жртвите.

– Фросина заслужува правда. Викторија заслужува правда. Сите жртви на сообраќајното насилство заслужуваат правда, порачаа организаторите на настанот.

Истовремено, објавена е и информација дека другарките на Фросина која загина на „Партизанска“ во Скопје, организираат бесплатен автобус од Скопје до Неготино и назад, за сите што сакаат да присуствуваат на протестниот марш.

Би можело да ве интересира

Протест во Неготино: Граѓаните бараат правда за Фросина

Таткото на Фросина: Немаат вистинско каење, и после девет дена не изразија сочувство

Горан Наумовски

Васил Јованов осуден на три години и десет месеци затвор за претходното дело за наркотични дроги

Предраг Петровиќ

Од почит за Фросина и за Миле, Неготино ги откажа забавно-музичките настани

Трагичната смрт на Фросина ги размрда партиите, во Собрание расправа за поголема безбедност во сообраќајот

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски