Заврши заложничката драма во Белгија

Од:

Белгиската полиција уапси тројца мажи кои држеа заложник во станбена зграда во градот Гент. Заложникот е ослободен и не е повреден.

Уште не е јасно зошто уапсените го зеле заложникот, но сепак не станува збор за терористички чин, соопшти портпаролката на полицијата, Анемеи Серлипенс.

Четворица мажи денеска упаднаа во станбен блок во работничкиот кварт во Гент, по што полицијата презеде засилени безбедносни мерки за да ги отстрани случајните минувачи.

По неколку часа, најмалку двајца мажи ја напуштиле зградата со кренати раце. Не е познато како третиот маж излегол, а полицијата трага по четвртиот осомничен.

Локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци, јавуваат дека едно лице претходно е уапсено и е однесено со лисици и со превез на очите.

Јавниот обвинител соопшти дека „нема индикации оти настанот е поврзан со тероризам, групата Исламска држава во Ирак и во Левант или со моменталната заложничка драма во Сиднеј“.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски