Заврши телефонскиот разговор Шолц – Макрон – Путин

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц, претседателот на Франција, Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин денеска имаа телефонски разговараа за Украина.

– За време на 75-минутниот разговор федералниот канцелар и францускиот претседател повикаа на итен прекин на огнот во Украина и да почне да се бара дипломатско решение за конфликтот, се наведува во соопштението на германската Влада.

– Во соопштението се наведува дека било договорено да не се изнесуваат повеќе детали за телефонскиот разговор.

Во соопштението на Кремљ се истакнува дека тројцата лидери разговарале за прашања поврзани со договорите што се разработуваат за исполнување на барањата на Русија за Украина.

– Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници, кои се одржаа изминатите денови во видео формат. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани за изработката на договори за спроведување на познатите руски барања. Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања, се посочува во соопштението на Кремљ.

Исто така се наведува дека Путин апелирал Макрон и Шолц да влијаат врз акциите на Киев против цивилното население.

– Конкретно, беа наведени бројни факти за грубо кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили, вонсудска репресија на противниците, земање заложници и употреба на цивили како жив штит, поставување тешко оружје во станбени области во близина на болници, училишта, градинки и слично, соопшти Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски