Заврши гласањето на шкотскиот референдум, резултатот неизвесен

Од:

Гласачките места во Шкотска се затворени. Заврши изјаснувањето на граѓаните за референдумот за независност и отцепување од Велика Британија.

Резултатите се очекуваат со голема неизвесност, со оглед на тоа што до последен момент разликата меѓу двата табора „за“ и „против“ независноста беше изедначена.

Сепак, првичните резултати од излезните анкети покажуваат блага предност на опцијата која се залага Шкотска да остане во рамките на Обединетото Кралство.

Така, според анкетата што ја направила рејтинг агенцијата Ипсос Мори на излезот од гласачките места, 53% од испитаниците гласале „ПРОТИВ“, додека 47% биле „ЗА“. Излезноста на гласачите била повисока од 90%, што е апсолутен историски рекорд во Велика Британија.

Официјалните резултати се очекува да бидат објавени утре рано наутро.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски