Заврши 14-дневниот рок на Катарците за напуштање на арапските земји

Од:

На Катарците кои требаше да ги напуштат соседните земји од Персискиот залив денеска им заврши 14-дневниот рок.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа односите со Катар на 5 јуни, повикувајќи ги неговите граѓани да ги напуштат нивните територии за две недели. Подоцна беше соопштено дека ќе бидат направени исклучоци кај мешаните бракови.

Земјите од Заливот го обвинуваат Катар дека поддржува исламистички и терористички групи, но Доха ги оцени обвинувањата како политички мотивирани.

Државниот министер за надворешни работи на ОАЕ, Анвар Гаргаш изјави денеска дека моќните соседи на Катар ќе продолжат да го изолираат и во следните години доколку не ја промени својата политика на екстремизам и џихадизам.

Гаргаш истакна дека во следните денови ќе биде завршен списокот со барања, упатени кон Катар, а Доха ќе треба да се откаже од позицијата на „демантирање“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот