Затворена командата на НАТО во Неапол

Од:

Седиштето на Воената морнарица на Северноатлантскиот сојуз во Средоземно Море, затворено е во средата после 40 години работа и се сели во Нортвуд, Велика Британија, во склоп на прегрупирањето на вооружените сили на НАТО во Европа.

Базата вработуваше 180 припадници на воен персонал од 19 земји, а се наоѓаше на островот Нисида, спроти градот Неапол, на југот на Италија.

Сојузничката морнаричка команда “MЦ Неапол” од 1972 година беше задолжена за следење на пловидбата и комуникациите во Средоземното Море.

Нејзините членови имаа активна улога во заливската војна, во југословенските војни, а неодамна и во текот на либиската криза.

Во декември 2012, Здружениот команден центар, “JFC Неапол” од својата историска база во Бањоли, во близина на Неапол, се пресели во современи згради во истата област.

На островчето Нисида – што и на грчки значи островче, кое што го опишал и Хомер, се наоѓа затвор за малолетници. Сега веќе поранешните објекти на НАТО сеуште немаат нова намена.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим