Засилувачката доза може да ги намали хоспитализациите поради Ковид-19 во Европа до 800.000

Од:

Засилувачката доза на вакцините против Ковид-19 може да ги намали идните хоспитализации во Европа за најмалку половина милион, соопшти денеска Агенцијата за јавно здравје на Европската унија, иако варијантата омикрон се шири многу брзо.

– Сегашната примена на бустер дози постигната до почетокот на јануари може да го намали болничкиот прием на пациенти инфицирани со омикрон од 500.000 до 800.000 во Европа, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Податоците опфаќаат 27 земји членки на ЕУ и Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Во моментов, 70 отсто од популацијата на ЕУ е целосно вакцинирана, а половина од нив примиле дополнителна доза.

– Проширувањето на засилувачката програма на сите претходно вакцинирани лица може да го намали приемот в болница за дополнителни 300.000 до 500.000 луѓе, наведува ЕЦДЦ.

Иако бројот на заразени со омикрон се зголемува со невидена брзина, со стапка на инфекција три пати поголема од досегашниот максимум на зараза, многу земји веќе би можеле да бидат на пресвртница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел