Засилени безбедносни мерки во седиштето на ЕУ

Од:

Европската унија утринава ги засили мерките за безбедност околу зградата во која се сместени европските институции, соопшти денеска Наташа Берто, портпаролка на Европската комисија.

-Во постојан контакт сме со белгиската полиција, а засега нема информации дека постои конкретна закана, изјави Берто во седиштето на Европската комисија.

Зајакнатите безбедносни мерки вклучуваат засилен надзор на влезот во зградата и зголемен број работници на обезбедувањето, наведе таа.

Одлуката за покревање на степенот на обезбедување е донесена откако Белгија вчера прогласи трет степен (од вкупно четири) за опасност од тероризам. 

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина