Заштитните маски задолжителни во англиските продавници од 24 јули

Од:

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон најави дека носењето заштитни маски или други средства за покривање на устата и носот во продавниците и супермаркетите во Англија ќе биде задолжително од петок.

Вработените во тие објекти нема да бидат одговорни да го контролираат спроведувањето на таа мерка туку полицијата.

Според „Скај њуз“, сите оние кои не го почитуваат тоа правило, ќе треба да платат казна до 100 фунти или 50 фунти доколку казната се плати во рок од 14 дена.

Со воведувањето задолжително носење маски, против-епидемиските правила што се применуваат во продавниците во Англија ќе бидат изедначени со оние што веќе се применуваат во возила за јавен превоз, односно на сите јавни места во Шкотска и околу 120 земји, вклучително и Германија, Шпанија, Италија и Грција.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он