Зариф предупреди за можна анархија на Блискиот Исток

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, денеска предупреди дека е можна анархија на Блискиот Исток, ако светските сили не се обединат за да ја спречат американската агресија. Тоа Зариф го изјави за време на состанокот со пакистанските официјални претставници во Исламабад.

Тој рече дека сведоци сме како САД со својот насилен пристап воведуваат санкции кон Иран и додаде оти регионалните држави мора да се спротивстават на санкциите заради сопствените интереси.

Врвниот ирански верски лидер, ајатолахот Али Хаменеи, оваа недела ги критикуваше Зариф и иранскиот претседател Хасан Рохани дека не успеале да ги спроведат неговите наредби во врска со нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Захарова: Русија ќе соработува со арапските земји за деескалација на Блискиот Исток

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он