Зариф: Иран сигурно ќе постигне успех во преговорите за нуклеарната програма

Од:

Иран сигурно ќе постигне успех во преговорите со „шесторката“ меѓународни посредници за надминување на иранскиот нуклеарен проблем (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија) изјави денеска министерот за надворешни работи на Исламската република Мохамад Џавад Зариф, пренесе ИТАР-ТАСС.

Зариф во Москва разговараше со својот руски колега Сергеј Лавров.

-Ние разбираме и знаеме дека Русија ни помага и каква позиција зазема за време на преговорите, одбележа тој.

Иранскиот државник изрази благодарност „за позитивната позиција на руската Влада во преговорите меѓу Иран и „шесторката“ и надеж дека во блиска иднина ќе може да се постигнат позитивни резултати, благодарение токму на руската позиција“.

Според Лавров, Русија полага напори преговорите за иранската нуклеарна програма да минуваат во праведни рамки и никој учесник да не добива еднострана предност, иако има  такви обиди.

Русија се изјасни за решение, изградено врз почитување на правото на Иран да извршува мирновременска нуклеарна активност „вклучувајќи го и правото на збогатување ураниум“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел