Зариф: Иран нема да ги предолжи преговорите за нуклеарната програма по крајниот рок

Од:

Иран не сака да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма со светските сили по 24 ноември, кога истекува претходно поставениот рок, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф.

– Ни останаа уште само 40 дена до истекот на рокот и ниту еден од преговарачите не мисли дека треба да продолжат разговорите. И ние го делиме истото мислење и нема потреба да размислуваме за тоа, истакна Зариф.

Западни медиуми објавија дека Иран го разгледува американскиот предлог според кој, Техеран би можел да задржи поголем дел од нуклеарната инфраструктура, а истовремено да го намали капацитетот за потенцијално производство на атомска бомба.

Зариф нагласи дека преговорите за иранската нуклеарна програма оваа недела биле тешки, но бил постигнат напредок и се разговарало за можни решенија.

Вкаваѕа изјава на шефот на иранската дипломатија следи по неговиот вчерашен состанок во Виена со американскиот државен секретар Џон Кери и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон. Нивната следна средба ќе биде за три до четири недели.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел