Британскиот театарски продуцент, Дејвид Сесил, беше присилен да ја напушти Уганда поради продуцирање на претстава за геј карактер, известува Гардијан. Сесил зад себе остави се, вклучувајќи ја неговата девојка со која бил шест години веќе и две деца од една и две години.
„Ова е агонија, многу е тешко. Премногу ме вознемирува“, објаснува Сесил.
Тој одлучил да се избори судски и да се врати во земјата која ја вика „дома“. Овој случај започна уште минатата година, кога Сесил пред се беше уапсен и затворен поради претставата наречена „Реката на планината“.
Но, случајот беше отфрлен во јануари. Пред 10-тина дена, полицијата го зема во притвор пет ноќи, а во понеделникот го депортираше во Лондон. Продуцентот верува дека овој потег е политички.
Нему му е понуден работен договор во британски универзитет за филм а може и да ја пресели фамилијата, но нема да се откаже.
„Не сакам да реагирам мирно. Навистина верувам дека само неколку личности се одговорни за ова“, вели тој.
Сесил испратил апел и до британското Министерство за надворешни работи, за да ја зајакнат нивната активност и да појаснат дека слободата на изразување е основно човечко право.