Во Италија се запленети повеќе од 24 милиони таблети синтетички опијати, чија вредност се проценува на 50 милиони евра.
– Екстремистите од Исламска држава планирале да ги продадат опијатите за да финансираат напади ширум светот, соопштија италијанските власти.
Таблетите се запленети од припадниците на италијанската финансиска полиција и царина во најголемото италијанско пристаниште Џоја Тауро.
Полицијата пронашла и контејнер полн со „тромадоли“, медикамент против болки, што може да се добие само на рецепт.
Меѓународни истражители соопштија дека дрогата припаѓала на ИД.
Италијански обвинител изјави дека ИД директно раководела со продажбата на наркотиците. Со дел од парите заработени од продажбата на дрога се финансирале екстремистичките групи во Либија, во Сирија и во Ирак.