Запленет имот на „Булгари“ во вредност од 46 милиони евра

Од:

Италијанската финансиска полиција денеска соопшти дека запленила средства вредни 46 милиони евра, во сопственост на директорите на модната куќа „Булгари“, обвинети за затајување данок.

Акцијата на полицијата се однесува на банкарски сметки, полиси за осигурување, акции и недвижности.

Средствата се во сопственост на Паоло и Никола Булгари, потомци на основачот на фирмата, како и на актуелниот директор Маурицио Валентини и неговиот претходник Франческо Трапани.

Тие се обвинети дека избегнувале плаќање данок во Италија, така што лажно пријавиле приходи од околу три милијарди евра преку компании со седиште во Холандија и Ирска, која не се смета за даночен рај, но има ниска стапка на данок од 12,5 отсто.

Трансферот на спорните средства наводно одел преку компании кои четворицата обвинети ги контролираат во Швајцарија, наведува полицијата.

Кога пред два месеци се појавија наоди дека Булгатри е под истрага, Трапани, кој ја води компанијата 30 години, рече дека фирмата секогаш ги почитувала фискалните прописи во Италија и странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески