Западот сака да ја порази и потисне Русија, вели портпаролот на Путин

Од:

Политиката на Западот, чија цел е да ја совлада и потисне Русија, остана непроменета, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

На прашањето дали Кремљ го споделувамислењето дека Русија се соочува со психолошка војна, тој рече дека е доволно јасно дека е осмислена политика која има цел да ја совлада и потисне Русија, пренесува ТАСС.

– Всушност, тоа се гледа со голо око, оцени Песков.

Според него обидите насила да се наметне демократија траат веројатно уште од распаѓањето на Советскиот Сојуз. – Со текот на времето тие се усовршуваат и се додаваат нови и напредни технолошки алатки, истакна портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов