Западна Европа блокирана од снег

Од:

Меѓународниот аеродром во Франкфурт денеска е затворен поради обилниот снег. Досега се откажани 213 летови.

Снегот и ниските температури го отежнаа и патничкиот сообраќај при што се регистрирани околу 120 сообрачајни несреќи.

Метеоролозите предвидуваат температурата во текот на ноќта да се спушти до минус 15 степени.

Зимата се врати и во Франција, а обилни снежни врнежи изминатата ноќ блокираа стотици луѓе во нивните автомобили долж патиштата во северниот дел на земјата.

paris-blokirani-patista

Префектот на департманот Манш, во Нормандија, преку Фејсбук упати повик до жителите на реонот да им помогнат на приближно 800-те лица кои останаа по патиштата. Меѓу 200 и 300 се блокирани долж националниот автопат меѓу Сен Жозеф и Шербур. Многумина возачи ги оставиле своите автомобили и побарале засолниште. Полицијата, жандармеријата и пожарникарите им помагаат на луѓето, кои се останати долж патиштата.

Над 68.000 домаќинства во Бретања и Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја по обилниот снег, што вчера паѓаше цел ден.

Во 26 департмани во Северна и Западна Франција е прогласено портокалово ниво на опасност заради снегот, што оваа сезона беше забележан и со количествата, и со времетраењето на врнежите, што се очекува да запрат в среда наутро, соопшти метеоролошката служба.

Илјадници автомобили останаа блокирани во југоисточниот дел на Англија поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа.

Колонота од возила беше со должина од над 50 километри.

Поради студената воздушна маса од Русија и од скандинавските земји температурата на воздухот во Јужна Англија вчера се спушти под нула степени Целсиузови. Во многу реони паѓаше обилен снег, а поради недостиг од техника за чистење на снег, беше предизвикан сообраќаен хаос.

Во прекин се е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и фериботите кои ја поврзуваат Велика Британија со континентална Европа.

Синоптичарите соопштија дека во некои реони на Југоисточна Англија синоќа биле измерени минус седум степени. Толку студено време во март во земјата немало од 1986 година. Се предвидува дека студеното време ќе биде до четврток.

И Белгија денеска е блокирана од обилен снег, што од вчера почна слабо да паѓа и во текот на ноќта премина во снежна бура.

Локалните медиуми соопштуваат дека околу осум часот утринава по патиштата имало задржувања во вкупна должина од над 1.600 километри, а во обичен ден во овој дел од сезоната задржувањата се на околу 200 километри.

Во Брисел движењето на автобусите и трамваите од градскиот транспорт е многу отежнато, а во Лиеж јавниот превоз денеска целосно е запрен.

Супербрзите возови кон Париз се движат, но со бризина од 170 километри на час, за 50 километри на час побавно од вообичаеното.

Аеродромот во Брисел прифаќа летови, но нормалниот режим на работа е многу нарушен. Неколку десетици летови се откажани или забавени утринава, главно од Холандија, од Германија, од Швајцарија и од Италија. Ситуацијата е слична и на јужниот аеродром Шарлоа, а аеродромот во Лиеж, што опслужува главно товарни авиони, е затворен.

Во следните денови се очекува да продолжат снежните врнежи и температурите да останат под нулата. Минатата недела температурите достигнаа 19 степени над нулата, па така за само неколку дена е измерена разлика од 25 степени.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско