Замрзнати сметките на обвинетите за корупција во Саудиска Арабија

Од:

Банките во Саудиска Арабија започнаа со замрзнување на сметките на осомничените во анти-корупциската акција.

Десетици луѓе, вклучувајќи и членови на кралското семејство, министри и бизнисмени беа приведени во истрагата спроведена од новото анти-корупциско тело предводено од принцот Мохамед бин Салман.

Централната банка нареди замрзнување на сметките не луѓето кои што се под истрага.

Повикувајќи се на извори од Саудиска Арабија, Ројтерс јавува дека се замрзнати стотици сметки.

Единаесет принцови, четворица актуелни и десетици поранешни министри се помеѓу уапсените за корупција во Саудиска Арабија, вклучувајќи го и милијардерот принцот Алвалед бин Талал, најпознатиот странски инвеститор од Саудиска Арабија.

Тие се обвинети за перење пари, поткуп, изнуда и злоупотребна на службена дожност.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ