Замрзнат дожд во Чешка предизвика стотици сообраќајни незгоди

Од:

Замрзнатиот дожд што паѓаше утрината во Чешка предизвика стотици автомобилски незгоди и повреди кај пешаците како последица од лизгање на улиците и тротоарите, јави дописникот на МИА од Прага.

Најтешко погодени од мразот беа централниот дел на земјата и чешката метропола каде беше блокиран меѓуградскиот сообраќај.

Во Прага службите за итна помош интервенираa во околу 100 случаи на повреди по пад на тротоарите, што одговара на бројот на повредени лица во изминатите две недели.

Според полицијата, најголемиот број сообраќајни незгоди биле полесни, без жртви и причинета e само матетијална штета.

Предупредувањата на метеоролозите од голомразица попладнево се на понизок степен, но најавуваат опасност од појава на замрзнати коловози во текот на доцните вечерни часови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи