Заменикот на Лавров: Би бил неискрен ако кажам дека ќе бидеме рамнодушни ако Србија ни воведе санкции

Од:

-Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко изјави дека Москва би била разочарана доколку Србија воведе санкции против неа и дека е убеден дека секоја влада која се води од националните интереси нема да врши политичко харакири со воведување санкции против неа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Би бил неискрен ако кажам дека ќе бидеме рамнодушни кон тоа Србија да ни воведе санкции. Секако дека би биле разочарани, изјави Грушко како одговор на тврдењето на новинарот дека во дел од јавноста во Србија постои наратив дека, дури и ако Белград воведе санкции, Русија треба „да не разбере дека не можевме да направиме поинаку“, пренесува агенцијата Бета.

Според него, „кога Западот воведува санкции против нас, тие всушност воведуваат санкции против себе“.

-Сите знаат за тажната состојба во енергетскиот сектор, дури и во сферата на прехранбената безбедност. Ова е токму резултат на санкциите кои ја влошија и онака критичната состојба како последица на пандемијата, рече Грушко.

Како што изјави, „сега поради тоа страда Западот“.

-Затоа приклучувањето кон санкциите, велам теоретски, е воведување санкции против самиот себе. Тргнуваме од тоа дека секоја влада која се води од националните интереси и не попушта под притисок, нема да прави такво политичко харакири, рече Грушко на крајот од посетата на Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го прими Грушко за време на неговата посета на Белград на 13 и 14 октомври, соопшти во саботата Министерството за надворешни работи на Русија.

Грушко разговараше и со министерот за надворешни работи, Никола Селаковиќ, како и со министерот за внатрешни работи, Александар Вулин.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко и неколку претставници на тоа министерство во саботата присуствуваа на хуманитарен концерт во Рускиот дом во Белград насловен како „Српско срце – ранета словенска Србија, како гест на волјата на српскиот народ да им помогне на жртвите во Донбас“, а со видео врска од Луганск, советничката на лидерот на т.н. Луганска Народна Република, Ана Сорока, се заблагодари на организирањето на концертот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Лавров: Западот опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Горан Наумовски

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија