Закерберг: Фејсбук го менува името во Мета

Од:

Извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг денеска претстави голем број нови концепти, и најави дека компанијата ќе го промени името во Мета.

Социјалната мрежа ќе го задржи своето име, а отсега компанијата Мета ќе биде сопственик на три големи брендови: Facebook, Instagram и WhatsApp.

Ребрендирањето би можело да биде дел од обидот да се спаси угледот на Facebook, и да се оддалечи компанијата од бројните скандали кои се случија неодамна, коментираат светските медиуми.

– Знам дека некои луѓе ќе речат дека ова не е време да се фокусираме на иднината и сакам да нагласам дека има важни прашања на кои треба да се работи сега. Секогаш ќе има, рече Закерберг за време на конференцијата за виртуелна и проширена реалност.

Тој рече дека не е сигурен дека за многу луѓе некогаш ќе биде добро време да се фокусираат на иднината.

– Но, исто така знам дека има многумина од вас кои се чувствуваат исто како и јас. Живееме за она што го градиме. Иако грешиме, продолжуваме да учиме и да градиме и да одиме напред, нагласи Закерберг.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ